НАВИВАЧИТЕ ЌЕ ОСТАНАТ ДОМА: Викендов спорт ќе има, ама без публика

Владата на денешната седница препорача на сите јавни и спортски собири до 6. март да нема публика.

Македонската Влада не го суспендира спортот поради коронавирусот но донесе препорака сите спортски настани предвидени за викендов да се одржат без присуство на навивачи.

Според препораките на Владата, сите спортски организации и клубови своите закажани мечеви да ги играат без присуство на публика до 6 март, но на организаторите е оставено во консултација со Комисијата за заразни болести сами да донесат одлука дали мечевите ќе се одложуваат или ќе се играат пред празни трибини.

Оваа одлука ја најави министерот за здравство, Венко Филипче, кој на официјална прес конференција изјави дека ќе побара од Владата како превенција од евентуалено ширење на коронавирусот, да се донесе препорака за откажување на сите спортски настани.

– Моја препорака е да се откажат сите спортски натпревари, посебно тие што ќе се играат во затворен простор. На седница на Владата ќе ја разгледаме оваа препорака и ќе донесеме конечна одлука – изјави денеска министерот Филипче.

Одлуката значи дека викендов фановите нема да можат да му дадат подрршка на европскиот шампион Вардар против Монпелје во рамките на последното коло од групната фаза во ракометната Лига на шампиони.

Исто така навивачите нема да можат од трибините да го проследат едно од најголемите ривалства во македонскиот спорт, кошаркарското дерби помеѓу МЗТ Скопје и Работнички.
Веќе е откажан и еден спортски настан, пливачкиот митинг Нептун куп, кој викендов требаше да се одржи во базенот Борис Трајковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот