Навивач со скутер го пренесе Ѓорѓевиќ до сала, тој му се оддолжи со победа над Милано

epa05073261 Panathinaikos Athens' head coach Aleksandar Djordjevic watches the Euroleague basketball match between Zalgiris Kaunas and Panathinaikos Athens in Kaunas, Lithuania, 17 December 2015. EPA/VALDA KALNINA

Поранешниот селектор на Србија, а сега тренер на Виртус Болоња, Александар Ѓорѓевиќ, на интересен начин пристигна во салата пред одигрување на третиот натпревар од финалето во италијанскиот шампионат против Милано.
Ѓорѓевиќ заглави во сообраќаен хаос во Болоња, но во тие моменти го спаси еден навивач на Виртус кој со скутер го однесе тренерот до салата.

Тренерот за гестот на навивачот му се оддолжи со тоа што неговиот тим славеше со убедиви 76:58 против Милано и се наоѓа на само една победа од освојување на титулата бидејќи води со 3:0 во победи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот