Навивач на Полска се загубил во Скопје за време на вчерашниот натпревар

Фото: Фејсбук

За време на вчерашниот квалификациски натпревар помеѓу селекциите на Македонија и Полска, еден навивач на гостите се загубил во скопската населба Дебар Маало.

На социјалните мрежи набргу по неговото исчезнување беше објавен апел за да го пронајдат навивачот на Полска, кој не носел ниту телефон во него.

За среќа, веста се раширила бргу и вработените во хотелот каде престојувал го идентификувале, па на крај успеале да го најдат полскиот навивач, за кој на фејсбук статусот пишувало дека не бил пијан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот