Навивач на Њукасл избоден во Милано пред натпреварот од ЛШ

фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Фудбалерите на Милан и Њукасл од 18.45 часот на стадионот „Сан Сиро“ ќе го играат натпреварот од првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

За навивачите на Њукасл ова е како нов „празник“ со оглед дека нивниот клуб по долго време се враќа на европска сцена.

Сепак, некои од нив нема да го паметат со задоволство гостувањето во Милано, а меѓу нив е и еден 58-годишен навивач на Њукасл кој заврши во болница, пренесува „Дејли Мејл“.

Имено, тој беше избоден ноќта пред натпреварот во Милано, по тепачка со навивачи на италијанскиот клуб и со повредите заврши во болница. Навивачот на Њукасл, беше излезен со пријател, кога биле нападнати од група од седум-осум навивачи на италијанскиот клуб.

Како што е потврдено, тој се здобил со повреди на рацете и грбот, откако бил избоден додека бил на земја, каде што завршил во обидот да побегне од напаѓачот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот