НАВИВАЧ НА ГОДИНАТА: Играше и скокаше како „чирлидерка“! (ВИДЕО)

hoholok.com/

Во петокот Фалконси од средното училиште на Јорк играа против своите колеги од средното училиште на Вархил, а Хекили Холанд даде сè од себе навивајќи за својата екипа.

Холанд, чија ќерка Мекензи е навивачка, ги изненади гледачите на натпреварот кога стана и почна да ги имитира потезите на навивачките за време на нивната точка.

Додека играше и скокаше, одушевениот гледач Скот Вилард одлучи да го сними овој интересен момент.

– Напред Фалконс! Напред Фалконс! – викаше гордиот татко додека анимира сè околу себе.

– Овој човек треба да биде хит. Најдобриот навивач татко на годината! Човекот е закон! Напред Фалконс! – напиша Вилард како опис на видеото кое го објави на Фејсбук, а потоа за краток период стана и хит на социјалните мрежи.

Од петокот, повеќе од 3,3 милиони луѓе го погледнале видеото, а Холанд подоцна рече дека не очекувал вакво нешто.

– Само се забавував. Но, доколку ги прави другите среќни, среќен сум што сум тој човек – рече Холанд за „Гуд Морнинг Америка“.

Се исплатеше сета поддршка на крајот, бидејќи Фалконс победија со 35:28, а Холанд, кој од својата ќерка ја научил песната и самиот танц на нивната точка, вели дека е најсреќен на трибините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот