Навивач на Бриж му пиша на првиот човек на УЕФА: Дали би ја пуштиле вашата ќерка на стадион во овие времиња?

Одлуката на челниците на Жупилер лигата да ја прекине сезоната и да го прогласи Бриж за шампион не им се допадна во УЕФА која веднаш им се закани на сите земји членки дека нивните екипи нема да играат во европските купови доколку првенствата не се доиграат до крајот.

Белгијците веднап реагираа по заканите на УЕФА и најавија дека на 15 април ќе биде донесена конечна одлука дали Бриж ќе биде прогласен за шампион или првенството ќе се доигра.

Ова не му се допадна на еден навивач на Бриж кој му напиша писмо на претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.

Вашата изјава дека го одложивте Евро 2020 како акт на солидарност кон фудбалските федерации покажува колку сте арогантни и вие и организацијата со која раководите. Одложувањето на ЕП никако не е акт на солидарност туку обид да ги заштитите вашите пари. Затоа е посебно лицемерно што сега вршите притисок на федерации да ги доиграат своите лиги без присуство на навивачи, кога ниту вие не го правите тоа поради вашите финансиски интереси“, пишува Биргир Вандереише кој притоа го прашува Чеферин зашто доколку е загрижен за здравјето на луѓето не го запре фудбалот во Белорусија.

Имате семејство, имате ќерка ако не се лажам. Дали господине Чеферин би ја пуштиле вашата ќерка на јавни собори ова лето? Доколку сте добар родител, претпоставувам не би го сториле тоа. А дали би ја пуштиле вашата ќерка да биде дел од случувањата во кои учествуваат минимален број на луѓе на фудбалски натпревар? Затоа што во такви услови треба малку повеќе од 22. фудбалери и неколку судии.

Помислете само на редарите и полицајците кои ќе мора да ги обезбедуваат натпреварите, потоа на готвачите кои ги подготвуваат оброците, економите кои ги перат дресовите, останати работници, камермани, новинари… Дали би ја пуштиле вашата ќерка да биде дел од такви натпревари ова лето. Ме интересира вашиот одговор, но мислам дека не би го сториле тоа. Тогаш, зашто илјада други луѓе би го правеле тоа ова лето, најверојатно по два пати неделно.

Треба да сте интелигентен човек за да дојдете на чело на УЕФА. Сега, донесете мудра одлука која можеби ќе ве погоди на финансиски план, а не да им го ускратувате задоволството на навивачите да уживаат во фудбалот со закани дека ќе ги исфрлите од Европа. Фудбалот без навивачи е ништо“, стои во писмото на навивачот на Бриж.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот