Навивач го дочека Меси со урнебесен транспарент: Прости и на мајка ми, не знаеше што прави…

Лионел Меси по натпреварот со Уругвај беше пречекан од 11-годишно момче со урнебесен транспарент во рацете/принтскрин/твитер/Gaston Edul

Фудбалската репрезентација на Аргентина изминатиот период ги одработи своите обврски во јужноамериканските квалификации за пласман на СП во Катар, а по натпреварот со Уругвај, најголемата ѕвезда на „гаучосите“ Лионел Меси беше пречекана од 11-годишно момче со урнебесен транспарент во рацете.

На него пишуваше: „Меси прости и на мајка ми, не знаеше што прави, јас сум Кристијано“.

Мајка му го даде името по португалскиот репрезентативец и играч на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо кој е најголемиот конкурент на Меси за индивидуалните награди во изминатите 15-тина години.

– Би сакал да го видам и да му се извинам во свое и во име на мајка ми, таа не знаеше што прави – изјави младото момче на кого медиумите не сакаа да му го откријат идентитетот.
Младиот Аргентинец е навивач на Ривер Плата, а игра за младиот тим на Расинг.

Аргентина во октомврискиот квалификациски циклус за пласман на СП во Катар, одигра без голови со Парагвај, го совлада Уругвај со 3:0, а вечерва игра против Перу.

Видео на денот