Навистина министре Османи, „а зошто да?“

И, навистина, некој може да каже „зошто не“ ако се види професионалната биографија на Ејупи која од презентерка во телевизија, преку „хонорарна работа“ во Државното правобранителство, во општините Брвеница, Чаир, Сарај, Петровец, во Железници-инфраструктура и Министерството за политички систем и односи со заедниците, стигна до Министерството за надворешни работи.

Веројатно е убаво чувството кога знаете дека зад себе имате некој кој верува во вашите експертски способности и храбро и пркоси на јавноста. Уште повеќе ако тој некој е министер за надворешни работи, а убавината ја дополнува премиерот кој лично ве брани од шовинизам кој што никој не го гледа.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи минатата недела, по четири дена откако се покрена прашањето за вработувањето на Бесмира Ејупи во МНР се одважи да излезе и да каже дека нема ништо спорно во нејзиното „вдомување“. Тој се стави во улогата на новинар и наместо одговор на прашањето од новинарите: А, зошто да? – тој „одговори“ со прашањето: „А зошто не?“

И, навистина, некој може да каже „зошто не“ ако се види професионалната биографија на Ејупи која од презентерка во телевизија, преку „хонорарна работа“ во Државното правобранителство, во општините Брвеница, Чаир, Сарај, Петровец, во Железници-инфраструктура и Министерството за политички систем и односи со заедниците, стигна до Министерството за надворешни работи. Иако не изгледа така, сепак до тука може да се каже дека се е добро.

Ама во меѓувреме, вработувањата на Ејупи, поточно државните хонорари, ни помалку ни повеќе туку 12.000 евра, беа предмет на работа на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) поради сомнеж за злоупотреба на функционерите и непочитување на антикорупциските правила.

Ова е еден од можните одговори на прашањето на Османи: „А зошто не?“ Освен тоа, и нему треба да му биде јасно дека ако медиумите, јавноста и опозицијата бараат одговор на вакво прашање за нечие вработување во кое има толку сомнежи, редно е официјални претставници на власта да дадат прецизен одговор, а не да говорат за шовинизам и да ја бранат одлуката со тврдења дека МНР е отворено за сите државјани на земјава и тие може да аплицираат за работа.

Не држи ни објаснувањето дека во МНР се потребни уште најмалку 50 нови вработувања за да се задоволат потребите на Министерството. Ниту пак, обидот да се оправда вработувањето на Екупи на позиција соработник во протокол, како почетна позиција во МНР, а не дека се подготвува за дипломатска позиција, бидејќи има многу примери на вработени во протокол кои подоцна станале дипломати, иако гарантира дека додека е тој министр таа нема да биде конзулка. Ама, Османи нема да биде вечно на таа функција.

Затоа се уште должи одговор на прашањето: „А зошто да?“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот