Навистина е Пеналдо, Роналдо даде највеќе голови од пенал во 2020 година

Фото: EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Фудбалските фанови кои не го сакаат Кристијано Роналдо, се обидуваат да му дадат прекари со кои ќе го омаловажат,а еден од нив е „Пеналдо“ со кој се алудира на тоа дека највеќе од головите ги постигнува од пенал.

Но, иако е далеку од вистината, не е спорно дека Португалецот постигнува највеќе голови од белата точка бидејќи во сите тимови во кои играл, тој бил главен изведувач на пеналите и слободните удари и Јувентус не е исклучок.
Интернет страницата Трансфермакт, објави листа на топ 10 фудбалери кои во 2020 година постигнале највеќе голови од пенал и на првото место се наоѓа Кристијано Роналдо.

Роналдо минатата година постигна дури 17 гола од белата точка, а веднаш зад него и играчот на Манчестер јунајтед и колега од португалската репрезентација, Бруно Фернандеш кој даде 15 гола. По нив следат Чиро Имобиле, Ромелу Лукаку, Андреј Крамариќ, Верето, Нејмар, Окампос, Меси и Салах.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот