„Навико шипинг“: Пандемијата ги диктира цените на контејнерскиот превоз

Фото: Илустрација / Profimedia

Од 35 до 40 дена се потребни за да се донесе стока со бродски контејнер од Кина во Македонија во идеални услови, но ако има метеж при товарењето или истоварот во некое од попатните пристаништа, се појавуваат доцнења, велат за „Слободен печат“ од компанијата „Навико шипинг“, специјализирана за бродско-контејнерски превоз на стоки од и за Македонија. Ако цена на бродскиот транспорт со еден помал контејнер лани во овој период изнесуваше од 2 до 4 илјади долари, сега за истата големина се плаќа и четирипати повеќе. Сето тоа има влијание и врз крајната цена на производите, се согласуваат нашите соговорници, а неофицијалните информации говорат дека ваквите цени и побарувачка за контејнери ќе траат до следната година.

– Речиси 90 проценти од суровините што доаѓаат во земјава се од Кина и Индија, а  увезуваме градежни материјали, пластика, памук. Побарувачката на бродски контејнери стана енормно голема, па и покрај тоа што се работи нон-стоп, не може да се задоволат светските потреби. Цените на превозот ги диктираат големите поморски компании, кои праќаат ценовници на 15 дена, за компаниите да може да планираат. Потоа стоката до Македонија се превезува со камиони, а знаеме дека изминатиот период поскапеа нафтата, патарините и пристанишните трошоци. Треба и да се спомене дека најголемиот дел од бродскиот превоз се истовара во Пиреја, па се превезува со помали бродови до пристаништето во Солун – објаснуваат од „Навико шипинг“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот