Навико Академија ФМП АД и следната сезона ќе игра во Првата кошаркарска лига

Навико Академија ФМП се прегистрираше во Акционерско друштво/Фото: КФСМ

Трансформацијата од здружение на граѓани во Акционерско Друштво е успешно направена со цел клубот да продолжи да се натпреварува во Првата македонска кошаркарска лига и во наредната сезона.

Во минатата сезона КК Навико Академија ФМП АД успеа да заврши на третата позиција на табелата во регуларниот дел и да настапи во полуфиналето на Купот на РМ, при што ја имаше својата најуспешна сезона.

Но, поради административни проблеми и немањето можност да се пререгистрира во АД во временскиот рок за минатата сезона, истата ја заврши со настап во плеј-аут лигата.

Целта за оваа натпреварувачка година е стабилизација на финансиски и организациски план и давање шанса на млади домашни играчи, на кои ќе бидат приклучени неколку домашни и странски искусни играчи.

Тренер на екипата останува Никола Божиноски, кој го наследи на клупата Александар Петровиќ кој премина во редовите на МЗТ Скопје Аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот