Навиките на СТАРИТЕ РИМЈАНИ: Ги користеле тоалетите за дружење

Ретко кој не слушнал за совршениот канализациски систем во Стариот Рим, чија конструкција, може да се каже, била пред времето.

Еве некои факти за римските тоалети, кои отсекогаш биле интересна тема.

Јавните тоалети во Стариот Рим освен што ја исполнувале својата непосредна намена, биле и место каде што можело да се продискутира за последните новости и луѓето подобро да се запознаат едни со други.

Во тоалетите биле сместени долги камени клупи со два отвора, едниот одозгора, а другиот на предниот дел.

 

Немало прегради и затоа не е чудно што посетителите таму сакале да си поразговараат за секојдневниот живот и за актуелните случувања.

Бидејќи во тоа време се уште немало тоалетна хартија, со помош на предниот отвор Римјаните се „доведувале во ред“.

Земале сунѓер, го ставале на стап и го топеле во водата во коритото кое стоело наспроти клупата. По процедурата ги фрлале сунѓерите, а стаповите ги оставале за следниот посетител.

 

Тоалетот не бил здодевно место. На ѕидовите имало предмети од гипс, а просторијата ја украсувале статуи. Некои тоалети имале дури и систем за греење – хипокауст. За влез се плаќало, поради што сиромашните ретко ги посетувале овие места.

 

Во 4 век за време на владеењето на Диоклецијан во Рим имало 144 јавни тоалети. Ако оваа цифра се спореди со бројот на жители, современите градови не биле ни близу до тоа ниво.

Кога императорот Веспасијан вовел данок на урина за да ја пополни благајната многумина не ја сфатиле поентата на тоа, но подоцна се испоставило дека мерката била делотворна.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот