Наваро: САД ќе победат во трката за вакцина за коронавирусот

Советникот Наваро е еден од најблиските соработници на претседателот Доналд Трамп, кој уште во јануари во меморандум пратен до Советот за национална безбедност на САД предупреди за опасноста од коронавирусот.

Питер Наваро, трговски советник во Белата куќа и специјалист за Кина, смета дека Пекинг криел информации за епидемијата на коронавирус и заразени за да победи во конкурентната борба за создавање вакцина.

САД, земја која најмногу настрада од пандемијата, повеќепати бараше навремени информации за ширењето на заразата кое започна во Кина.

-Една од причините зошто не не примија и не прикажаа информации за овој вирус на почетокот е дека тие се во трка за вакцина и сметаат дека ова е едноставна конкретна борба, дека е бизнис можност, дека би можеле да ја продаваат вакцината на светот, изјави Наваро синоќа за Фокс Њуз.

-Но ние ќе ги победиме. Ќе победиме благодарејќи на лидерството на претседателот Трамп. Ќе победиме затоа што министерството за здравство и социјала веќе започна трка со учество на пет компании, изјави тој.

Советникот Наваро е еден од најблиските соработници на претседателот Доналд Трамп, кој уште во јануари во меморандум пратен до Советот за национална безбедност на САД предупреди за опасноста од коронавирусот, пренесе Њујорк тајмс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот