Навални: Сите кои мислат дека Путин ќе си замине во 2024 година се идиоти

Алексеј Навални е еден од најпознатите руски опозиционери кој во неколку наврати ги предводеше антивладините протести, а поради неколку пати беше и апсен.

Одлуката на премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, да ја распушти владата го шокираше светот, а многу се прашуваат која е познатината на оваа објава, која следуваше само неколку часа откако претседателот Владимир Путин предложи уставни промени според кои владата и парламентот на земјата ќе имаат поголеми овластувања.

За ова стигнуваат реакции од целиот свет, а се огласи и еден од најголемите ривали на Путин, Алексеј Навални.

– Главната порака на обраќањето на Путин: сите оние кои мислат дека тој во 2024 година ќе замине од власт се идиоти (и/или измамници). Тој ќе остане лидер целиот свој живот, го преземе сопствеништвото над целата држава и ќе го присвои богатството за себе и за своите пријатели, што е единствена цел на Путин и неговиот режим – напиша Навални.

Навални е еден од најпознатите руски опозиционери кој во неколку наврати ги предводеше антивладините протести, а поради тоа беше апсен повеќе пати.

Дмитриј Медведев соопшти дека ја распушта Владата на Русија, по обраќањето на претседателот Владимир Путин пред нацијата. Соопштението многумина го дочекаа неподготвени, а многу аналитичари тврдат дека станува збор за добро испланирана тактика.

Имено, Владимир Путин пред неколку часа во говорот пред нацијата предложи уставни промени кои би придонеле зголемени овластувања на владата и парламентот. Тој предложи со Уставот на ѝ се овозможи на Државната дума да ја одобрува кандидатурата на премиерот на државата.

Критичарите на Путин и претходно зборуваа за тоа дека претседателот размислува за различни сценарија за да остане на власт и по 2024 година, кога му истекува и вториот претседателски мандат. Една од опциите е да стане премиер со проширени овластувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот