Навални се соочува со ново судење за „екстремизам“ идната недела

Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV MANDATORY CREDIT

Затворениот руски опозиционер Алексеј Навални во среда ќе се соочи со ново обвинение за „екстремизам“ на уште едно судење, јавија руските државни медиуми.

Судењето нема да биде отворено за јавноста. Навални се соочува со седум обвиненија, вклучувајќи основање, финансирање и работење во екстремистичка организација, поттикнување екстремизам и „тривијализација на нацизмот“.

Московскиот градски суд пред две години пресуди дека Антикорупциската фондација (ФБК), основана од Навални, е екстремистичка организација. ФБК објави докази за корупција на водечки политичари, меѓу кои и рускиот претседател Владимир Путин.

Навални, најпознатиот руски политички затвореник, е зад решетки повеќе од две години. Тој беше отруен со нервниот агенс Новичок на патување во Сибир во летото 2020 година, а потоа беше лекуван во болница во Берлин. Кремљ ги отфрла неговите обвинувања дка зад обидот за атентат стои државната Федерална служба за безбедност (ФСБ).

Навални потоа беше уапсен кога се врати во Русија во јануари 2021 година, под обвинение за прекршување на условите од претходната условна затворска казна.

Минатата година тој беше осуден на девет години затвор за „измама под особено тешки околности“. Организацијата „Амнести интернешнел“ го признава како „затвореник на совеста“, а Европскиот суд за човекови права ја прогласи неговата казна за неправедна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот