Навални под закана да добие дополнителни 10 години казна затвор

Рускиот политичар Алексеј Навални/фото EPA

 Судот во Москва денеска соопшти дека наредната недела започнуваат сослушувањата за два нови случаја против затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, што може да доведе до зголемување на неговата затворска казна за повеќе од 10 години.

Навални на 15 февруари ќе има прелиминарни рочишта по обвиненијата за измама и непочитување на судот. Тој е обвинет за присвојување над 4,7 милиони долари, донации наменети за неговите организации. Обвиненијата предвидуваат максимална затворска казна од 10 години.

Навални може да биде осуден на дополнителни шест месеци поради непочитување на судот за време на едно од неговите сослушувања минатата година за стари обвиненија за измама.

Навални, најгласниот домашен критичар на претседателот Владимир Путин, е во затвор од минатата година  откако преживеа обид за труење, за што тој го обвини Кремљ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот