Навални почна штрајк со глад: Рускиот опозиционер бара медицинска помош во затворот

Алексеј Навални
Алексеј Навални / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални почна штрајк со глад, а информацијата ја објави на Инстаграм од затворот во Владимирската област, каде издржува казна од две години и осум месеци.

– Објавувам штрајк со глад со барање за усогласеност со законот и дозвола да ме посети лекар, напиша рускиот опозиционер.

Штрајкот ќе трае сè додека Навални не добие соодветна медицинска помош за силна болка во грбот и трнење во нозете.

Наместо да добие медицинска помош, тој наведе дека бил мачен со лишување од сон.

Алексеј Навални, во понеделникот рече дека добил скоро десетина предупредувања за неговото однесување откако беше затворен минатиот месец и оти има ризик да биде испратен во самица.

Најотворениот критичар на рускиот претседател Владимир Путин издржува казна од две и пол години за обвиненија за проневера, за кои Навални вели дека се политички мотивирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот