Навални: Не ми даваат да спијам во затворот, ноќе ме будат и до осум пати

Алексеј Навални / фото: EPA/EFE

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални тврди дека неговите, како што ги нарекува, киднапери го изложуваат на мачење, така што не му дозволуваат да спие за што се пожалил и на затворската управа.

– Чувари ми кратат од спиењето. Де факто станува збор за мачење, напиша Навални во писмото, додавајќи дека чуварите во текот на ноќта го буделе и до осум пати и бара медицинска нега, пренесува агенцијата Хина.

Неговите следбеници предупредуваат дека здравствената состојба му се влошува од ден во ден. Олга Михајлова, една од неговите правни застапници, рече дека Навални трпи силни болки во грбот и во десната нога и оти стравува за неговиот живот. Потврди и дека во јавната болница му е направена магнетна резонанца, но сè уште не е поставена дијагноза.

Навални, според зборовите на Михајлова, засега прима само лекови и креми против воспаленија.

Навални беше уапсен во јануари, веднаш по враќање од Германија каде пет месеци се лекуваше од труење за што го обвинува Кремљ. Против него се подигнати неколку обвиненија што ги смета за политички мотивирани.

Тој во февруари беше осуден на две и пол години затвор за манипулации во 2014 година по што беше спроведен во затворот во Покров, 100 километри од Москва. Неговото апсење предизвика големи протести во земјата на кои властите одговорија со 11.000 апсења.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот