Навални: Ме затруја оти властите ме сметаат како закана за изборите догодина

Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални изјави дека е сигурен оти руските разузнавачки служби го труеле со нервен агенс „новичок”, бидејќи претставувал закана за власта пред парламентарните избори што се закажани за 2021 година.

– Свесни се дека постојат големи, големи проблеми што им претставуваат закана пред изборите за Државна дума, истакна Навални.

Тој нагласи дека не знае како нервниот агенс влегол во неговиот организам, додавајќи дека постои можност да допрел нешто. Навални додаде дека неговото закрепнување би можело да трае уште два месеца.

Рускиот опозиционер истакна дека има проблем со тресење на рацете, оди на физикална терапија, неговото здравје е значително подобрено, а лекарите се изненадени од брзото закрепнување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот