Навални го тужи затворот затоа што не го добил Куранот

Рускиот опозиционер Алексеј Навални соопшти дека го тужи затворот каде отслужува казна затоа што не го добил Куранот што го побара на почетокот на Рамазанскиот пост.

„Кој би помислил дека првата тужба против колонијата ќе биде поради Куранот?”, напиша Навални на Инстаграм, кој од 31 март штрајкува со глад поради лошите затворски услови.

Според него, книгите што ги донел кога дошол во затворската колонија на почетокот на март сè уште не му биле вратени затоа што требало да бидат „проверени за екстремизам”, а тоа е постапка што трае три месеци.

„Дали ќе проверувате дали Куранот е екстремистички? Тоа е глупаво и незаконско”, истакна тој и додаде дека поради испратил барање до директорот и поднел тужба.

Критикуван за расистички ставови во текот на 2000-тите и за учество во екстремно десничарски демонстрации, Навални рече дека решил во затвор „детално да го проучи и сфати Куранот”.

„Сите околу мене постојано разговараат за исламот и муслиманите и секако 99 проценти од нив не знаат ништо за тоа. Но, решив дека ќе станам шампион за Куранот меѓу руските немуслимански политичари”, напиша Навални.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот