22 C
Скопје

Навални е многу слаб, адвокатите бараат тој да биде пренесен во цивилна болница

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој штрајкува со глад веќе три недели, е „многу слаб“ и „не добил“ медицинска помош, изјавија денеска неговите адвокати откако го посетија во затворската болница.

„Тој е многу слаб, тешко му е да седи и да разговара“, рече Олга Михаилова пред новинарите, додавајќи дека Навални „не доби соодветна медицинска нега“ во болницата за затвореници со туберкулоза.

Таа побара Навални итно да биде префрлен во „цивилна болница“ во Москва „со цел да спречи да умре“.

На група лекари предводени од Анастасија Василиев, личен лекар на 44-годишниот опозиционер, не им беше дозволен влез во болницата, како што се случуваше секој пат кога се обидоа да го посетат Навални.

Во изјава за францускиот печат, Василијева го осуди „целосното непочитување“, потсетувајќи дека „должност на лекарот е да му помогне на пациентот“ и посочи дека станува збор за „животот“ на главниот противник на рускиот претседател Владимир Путин.

На 31 март, Навални започна штрајк со глад во знак на протест против условите во затворот, обвинувајќи ја управата во затворот дека не му дозволува да посетува лекар.

Тој беше уапсен во јануари откако пристигна во Русија, откако се опорави од труење во Германија пет месеци, за што го обвинува рускиот претседател Владимир Путин.

Навални беше осуден на две и пол години затвор затоа што ја прекрши условната казна од 2014 година со тоа што замина во Германија на лекување.

Извор. Бета

Поврзани вести

Синдикатот на полицијата во Македонија в сабота на протест

Слободен печат

Во штипското училиште „Гоце Делчев” се инвестираат речиси 20 милиони денари

Слободен печат

ВИДЕО | Заев: Ако може ЕУ да води кампања од јавен интерес, зошто да не може државата

Исплатени ученичките и студенските стипендии за мај

Слободен печат

Заев: Секој има право да побара ново судење доколку има нови докази и аргументи

Слободен печат

Г-7 повика на отпочнување на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ

Слободен печат

Остави Коментар