Навала на мигранти во Грција, Владата вознемирена! – Слободен печат
ВестиВи ПрепорачувамеМакедонијаРегион

Навала на мигранти во Грција, Владата вознемирена!

За само три дена приливот на мигранти или бегалци н грчките острови е 2000, додека за неполни дваесетина дена таа бројка изнесува 6500. Една недела порано пак, само во еден ден на Лезбос пристигнаа 547 мигранти од Турција.

За само три дена приливот на мигранти или бегалци н грчките острови е 2000, додека за неполни дваесетина дена таа бројка изнесува 6500. Една недела порано пак, само во еден ден на Лезбос пристигнаа 547 мигранти од Турција. На некои од островите веќе буквално нема место за нови мигранти.
Ова беше доволно грчката Влада да одржи вонреден состанок за мигрантското прашање и тоа е втора ваква за речиси еден месец.
Продолжување на мерките за празнење на островите, зајакнување на силите на крајбрежната служба со бродови и персонал во источниот дел на Егејското море и поголема вклученост на ФРОНТЕКС и НАТО, се одлуките што беа донесени на состанокот.
Меѓу мерките е и определбата за што побрзо враќање на бегалците во нивните земји како и забрзување на процесот по основ на спојување на семејствата.
На состанокот присуствувале и министрите за надворешни работи, цивилна заштита, одбрана, поморство, алтернативниот министер надлежен за миграциска политика, заменикот министер за одбрана како и државните министри без ресор.
Ваквиот состав на високи функционери на одбраната говори дека Грција сериозно ги сфаќа заканите што недоамна дојдоа од страна на турскиот Претсседател Ердоган дека ќе им го отвори патот на мигрантите кон Грција, ако европските лидери не и овозможат понатамошна финасиска помош на Турција и ако не го подржат планот за проширување на турското влијание на северот на Сирија.
Во ваква констелација Грција ќе мора да се снаоѓа како знае и умее, а тоа може да биде предизвик и за Македонија која е главната земја на патот на сега затворената Балканска рута. Мигрантите и бегалците од грчките острови штом еднаш стапнат на копно лесно можат да го продолжат патот кон Европа минувајќи низ нашата земја.
Оттаму можеби се и „меките“ предупредувања на Претседателот на државата Стево Пендаровски веднаш по одржаниот состанок на Советот за безбедност на почетокот на месецов дека во наредните 40 до 50 дена земјата влегува во еден турбулентен период и од политички но и од безбедносен аспект.
Како што беше објаснето тоа се однесува главно на претстојното зачленување во НАТО, но не беше исклучено дека и евентуална нова бегалска криза може да претставува закана по безбедноста на државата. Сепак засега бројот на мигранти иако се зголемува од година во година далеку е од времето кога Балканската рута беше отворена, а војната во Сирија беше во нејзиниот врв.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close