Наутро доставуваат весници, навечер работат како келнери, Германците и со две работи не можат пристојно да живеат!

Фото: wallpaperflare.com

Во изминатите дваесет години, бројот на луѓе во Германија кои работат неколку работни места во исто време е повеќе од двојно зголемен. Најчесто станува збор за работни места за работници кои имаат пониски квалификации и за кои се исплаќа минималната плата загарантирана со закон, што според секретарот на германскиот синдикат Филип Шуман никако не е доволна.

„Со загарантирана саатница од дванаесет евра и 42-часовна работна недела, можете да заработите нешто помалку од 2.200 евра бруто. Тоа е само околу 60 отсто од просечниот приход во Германија и тоа не е доволно за живеење“, вели Шуман.

Во Германија платата најчесто се изразува во бруто износ, што може да биде изненадување за странците кои доаѓаат да работат во оваа земја.

Имено, од тој износ се одбиваат придонеси за пензиско и здравствено осигурување, како и црковен и данок на доход, што зависи од повеќе фактори, како што се брачната состојба и бројот на деца. Се на се, ако платата ви е 2.200 бруто, на вашата сметка ќе легнат околу 1.500 евра, пишува Дојче веле.

Синдикалецот Шуман смета дека минималната саатница треба да биде од 17 до 18 евра, но, на Германија и се заканува „американски стил“, каде луѓето често мора да работат на повеќе работни места. Наутро доставувате весници, дење работите во курирска служба, попладне во книжарница, а навечер како келнер… Минатата година германската влада ја зголеми минималната саатница на 12 евра, но инфлацијата и зголемувањето на цените изедоа речиси сè што добија работниците од таа одлука, пишува Политика.рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот