Наумовска: Потврдено, ВМРО-ДПМНЕ стои зад бојкотот на наставата

На лагата и се кратки нозете, не требаше многу да помине за целата јавност да се увери кој се мотивите за целиот циркуз околу дигитализацијата во образованието, изјави Елизабета Наумовска, претседателка на Комисија за образование на СДСМ, која ги обвини денес ВМРО-ДПМНЕ дека стојат зад бојкотот на наставата организиран од родителите.

-Информациите дека Драгана Спасевска, предводничката на групата „Учебници и настава мора да има“, која се спротивставува на реформите во образованието, е истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ потврдуваат дека зад бојкотот на наставата стои партијата предводена од Христијан Мицкоски. Со ова се потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ свесно злоупотребува ученици и родители заради партиски цели, вели таа.

Како што вели Наумовска потврдено е она што го зборувавме долго време, но и она што цела јавност го гледа – зад повиците за бојкот, зад манипулациите и лажните вести за дигитализацијата стои ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ на штета на учениците и образовниот систем повикува на бојкот на наставата, шири лажни вести и измислици околу некакви провизии и тендери. Апелираме до учениците и нивните родители, да не дозволат да бидат манипулирани и злоупотребени за партиски цели на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.Бојкот на наставата е на штета на учениците кои губат од воспитно образовниот процес.Случувањата по најавените реформи во образованието се само еден од повеќето мали пожари што ВМРО-ДПМНЕ ги потпалува за да создава тензии во општеството, порача таа.

Според неа образованието кое ВМРО-ДПМНЕ го остави по нивното 11 годишно урнисување денеска се реформира, се осовременува по европски стандарди.

-Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со реформите кои обезбедуваат модерен, ефикасен образовен систем, па затоа по секоја цена шири лажни вести, опструира и злоупотребува ученици и родители, порача Наумовска.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот