Наумовска: Очекуваме дека рокот за отпочнување на учебната година ќе биде пролонгиран

Заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска изјави дека очекуваат пролонгирање на почетокот на учебната година со цел законско усогласување на кратењето на времетрањето на школските часови и онлајн настава.

Таа наведе дека Главниот кризен штаб побарал од нив како Министерство да дадат одредени препораки и побарал да ги усогласат плановите, моделите и проколите согласно нивните насоки, меѓутоа, како што рече, за да се воведе настава со учење од далечина од дома, за да се скратат часовите на 30 минути за основно, 35 минути за средно училиште потребно е да се направат измени во законот.

– Доколку ние на 1 септември би ја отпочнале учебната година Законот вели дека треба да се одвива наставата во училиште со времетраење на часови од 40 и 45 минути. Бидејќи знаеме дека во моментот како се одвиваат политичките договори, преговори, имаме Собрание кое се уште е нефункционално да носи закони или законски  измени, ние како  Министерство веќе подготвуваме измени на законот кои ќе ги доставиме до Владата, меѓутоа сметаме дека до 1 септември тие не можат да бидат по соодветни закокнски процедури излгасани во Парламентот и затоа очекуваме дека рокот за отпочнување на учебната година ќе биде пролонгиран. Тоа не е ништо страшно. Гледаме дека и во Хрватска од 7 септември почнува учебната година, посочи Наумовска во вестите на телевизија Сител.

Прочитајте и...  Анкета: Мнозинство Грци загрижени за пандемијата, 74 проценти убедени дека мора да се носи маска

Таа истакна дека очекуваат веднаш по формирањето на влада, Собранието, како приоритет да ги земе овие законски измени, дополнувања, со цел некаде до средината на септември да имаат можност да почнат новата учебна година.

–  Вчера Комисијата за заразни болести предложи учениците од прво до трето одделение да следат настава со физичко присуство. Доколку епидемиолошките услови го дозволуваат тоа, тргнувајќи од потребата за социјален и психолошки развој на учениците, описменување на најмалите, знаеме колку е важно значењето и присуството  на ученици во училиште,  особено при стекнување на сите работни навики за учење и социјализација на најмалите, рече заменик-министерката за образование.

Таа посочи дека конкретно учениците во тој случај  би ја имале на располагање целата училишна зграда, сите простории во училиштата со намален број на сите ученици од повисоките одделенија или класови.

Учениците од прво до трето одделение, ако се во поголеми паралелки, побројни паралелки, образложи таа, ќе бидат поделени на помали групо. Ќе работат со скратени часови, со мали одмори во кои наставникот ќе биде заедно со своите ученици  во училницата, дури и на големиот одмор.

Прочитајте и...  СЗО препорачува вакцинирање против грип за да се спречи пренатрупаноста во болниците

– Ние укажувме да биде наставникот со децата од паралелката, да бидат со маски, ќе имаат дезинфекциони средства, ќе има пауза меѓу другата група која треба да дојде на училиште при која ќе се врши комплетно дезинфекција на  училишните простории, училници, ходници, заради заштита уште поголема меѓу двете групи и ќе продолжи наставата на наставникот со другата група, рече Наумовска.

Таа посочи дека училиштата ќе имаат флексибилност да си го креираат распоредот, се со цел да нема преголем број на присутни ученици во исто време во училиштето.

– Она што ги плаши како Комисија за здравство беше групирањето на ученици во дворот на училиштето, во ходниците кога се движат, бидејќи различни училишта, различни услови за работа имаат, истакнаа Наумовска.

Во однос на целодневната настава, таа посочи дека препораките на кризниот штаб биле да се организира класична настава меѓутоа, како што наведе, не значи дека е отфрлена можноста за целодневната настава.

Прочитајте и...  СЗО: Бројот на смртни случаи може да достигне два милиона пред успешна вакцина

– Ние како Министерство имаме протоколи како може и како треба да се одвива и целодневната настава. Ќе го задржиме ставот онаму во тие училишта каде што ќе може да се организира безбедна, но од сите аспекти за учениците и просторно, временски да се организира целодневна работа. Дали ќе остане тоа и ќе биде прифатено зависи на крајот од Кризниот штаб и од Владата, потенцираше заменик-министерката.

За учениците со хронични болести, за учениците со ретки болести, па и за сите ученици кои имаат попреченост, а се во редовните паралелки во редовната настава, Наумовска изјави дека тие обрнале сериозно внимание и се консултирале со Здружение на лица со  попреченост.

– Добивме и оттаму насоки и оттука оставаме отворено родителите да се произнесат во писмена форма дали ќе се изјаснат да следат настава со физичко присуство или настава од дома со помош на информатичко комуникациска технологија.  И нивнитге матични лекари ќе им издадат потврди, белешки  со кои ќе можат да следат настава од дома, образложи Наумовска.

Прочитај повеќе

Бројот на заразени со коронавирус во Франција надмина 500.000

Слободен печат

Дождот ја преполни канализацијата во Мексико: Сите се изненадија што пронајдоа во неа (ВИДЕО)

Слободен печат

Стопанските комори се задоволни од четвртиот пакет мерки за поддршка на компаниите и граѓаните

Воен авион се урна во Украина, најмалку 20 лица загинаа (ВИДЕО)

Слободен печат

Српскиот режисер и сценарист Горан Паскаљевиќ почина на 74-годишна возраст

Слободен печат

Кривокапиќ: Политичката судбина на Ѓукановиќ и Марковиќ ќе биде онаква како што заслужуваат

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Силно невреме во Црна Гора: Обилните врнежи предизвикаа поплави во Котор и Тиват (ВИДЕО)

Слободен печат

Пендрекот лесно се крева врз Роми

Валентина Т

Сообраќајот на автопатот Тетово-Скопје вечерва блокиран заради поскапувањето на струјата

Слободен печат

Навални им се заблагодари на руските доктори и пилоти: Ви благодарам, вие сте добри луѓе (ФОТО)

Слободен печат

Лајчак: Дијалогот меѓу Белград и Приштина е одложен поради пандемијата

Слободен печат

Пожарот во Хуавеј го доби својот епилог: Пронајдени телата на три лица, пожарот „волшебно“ избил во истражувачкиот дел

Слободен печат