Наумовскa: Матурата се реализираше успешно, средната оценка по двата екстерни предмети е повисока од онаа во 2019 година

Директорката на државниот испитен центар, Елизабета Наумовска, ги соопшти резултатите од државната матура по двата екстерни предмети, кои матурантите ги полагаа минатиот месец.

– Помина уште една учебна година во која матурантите и другите ученици работеа во вонредни услови, па и покрај реакциите и несогласувањата успеавме заедно со помош на Владата да изнајдеме заеднички прифатливи решенија за реализација на државната матура и денеска ги имаме резултатите од успехот кои гои постигнаа матурантите – изјави Наумовска.

Според резултатите кои ги сооштија од ДИЦ, се гледа оти средната оценка по македонски јазик изнесува 3.93, што значи подобрување во однос на 2019 година кога последен пат се полагаше државната матура кога средната оценка беше 3.69.

Средната оценка по албански јазик годинава е 3.59, за разлика од 2019 година кога била 3.88, додека по англиски јазик средниот успех е 2.82, во однос на 2019 година, кога средната оценка била 2.97.

Забележано е подобрување и при средниот успех по предметот маматематика, кој годинава е со оценка 4.07, додека во 2019 година изнесува 3.63, додека по филозофија средниот успех изнесува 4.23, што исто така е подобрување во однос на средната оценка од 3.89 од пред две години.

– Можам да кажам дека средната оценка по овие два екстерни предмети кои се полагаа е 3.61, што преведено во училишна оценка е многу добаер 4, додека во 2019 година успехот бил 3.48 што е многу добар 3. Ова значи дека матурантите и во вакви услови и со скратени материјали постигнаа подобри резултати, а тоа укажува и дека онлајн наставата дава резултати – истакна Наумовска.
Сите матурантите кои се незадоволни од резултатите во наредните три дена ќе имаат право на приговор, чие поднесување чини 1.500 денари.

– Цената на приговорот е симболична и не е за Државниот испитен центар да заработува пари, туку за да имаме што помалку неосновани приговори, бидејќи навистина се троши енергија при нивно прегледување – додаде Наумовска.

На огласните табли на сите училишта, како и на страницата matura.gov.mk со внесување на корисничко име и лозинка, учениците ќе можат да имаат увид во своите лични резултати од државната матура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот