Наумоски откако молзеше крава во кампањата: Добро е градоначалник понекогаш да влезе кај што спијат кравите и козите

Градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумоски во гостување на Канал 5

Актуелниот градоначалник на општината Ѓорче Петров, Александар Наумоски, кој на претстојните избори се бори на нов мандат, во вечерашната дебата на ТВ Канал 5 беше запрашан за неговото појавување на фарма пред неколку дена, каде молзеше крава и го пиеше млекото.

На прашањето дали тој навистина мисли дека „руралното“ ќе му донесе уште еден мандат, Наумоски одговори дека во Ѓорче Петров сите се познаваат и дека неговото семејство е од Ѓорче и знае како е да се биде и да се живее во село.

– Добро е за еден градоначалник понекогаш да влезе и таму каде што спијат козите или кравите, рече Наумовски.

Наумоски вечерва на Канал 5 дебатираше со кандидатот за градоначалник на „Левица“ Александар Гроздановски, додека кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Стојковски, според телевизијата, објаснил дека ќе го пропушти гостувањето поради „набиена агенда“.

Видео на денот