Наумоски: Најавениот протест е само гола политика

Иницијативата против урбано дивеење за утре најави протест со блокада на кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров, поради донесениот ДУП С3 15, со кој се планира изградба на 15-тина нови згради.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, вели дека тоа е само гола политика, затоа што станува збор за ДУП донесен уште во 2014 година, кој пред шест месеци добил позитивно мислење и од Град Скопје и од Министерството за транспорт и врски.

– Запазени се сите параметри според Законот за просторно планирање и Законот за градење, согласно новиот правилник што е на сила за хумано живеење. Мора јадрото на Ѓорче да има некаков развој, така што дадовме ние одредена висина на некои места, некаде се намали, меѓутоа се заштити паркот, се зголеми функционалноста како на зеленилото така и на јавните површини. Замислете сега, некој што донел ист ваков план, со иста бруто развиена површина, што не ги средил внатре имотно-правните работи во делот на сопственоста, па ние го поправаме тоа, за потоа истите тие да се бунат. Така што, нема логика, тоа е само гола политика, вели Наумоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот