Наумоски: Дури и да победиме во Виена, тешко дека Летонија ќе ни направи „услуга“!

Фото: spox.com

Илчо Наумоски (36) е инаку поранешен македонски репрезентативец со 45 одиграни натпревари и девет голови. Во клупската кариера играше за Вардар, Интер Баку, Катанија, Малатијаспор, а во најголем дел на австриско тло во дресот на СВ Стокерау, АСКО Клингенбах, Грацер АК, додека најдобрите перформанси ги имаше за Матерсбург (227 мечеви, 51 погодок).

Во интервјуто за „sn.at“, говореше за претстојниот дуел од квалификациите за ЕП 2020 меѓу Австрија и Македонија кој што ќе се игра на 16 ноември на „Ернст Хапел“ стадионот во Виена.

-Доколку не загубивме од Полска, ќе беше една понеизвесна борбата во Виена, вака Австрија дефинитивно ја има фаворитската улога. Дури и да победиме во Виена, Австрија ќе триумфира против Летонија која е премногу слаба – вели Наумоски.

Поради картони дуелот против Австријците ќе го пропуштат Бобан Николов, Висар Муслиу и Илија Несторовски.

– Тешко се наоѓаат замени за овие тројца играчи. Моето срце чука за Македонија и Австрија. Ќе бидам среќен кој и да победи. Австрија е моментно меѓу најдобрите во светот и е многу позрела од 2016 година. Имам голема почит спрема селекторот Франко Фода, потоа напаѓачот Марко Арнаутовиќ кој може да ја направи разликата на натпревари, а не треба да зборуваме за Давид Алаба, најдобриот лев бек во светот – додаде екс играчот на Матерсбург.

На првиот меѓусебен дуел во евроквалификациите во Скопје, изненадувачки високо загубивме со 1:4 од Австрија.

– Изненадувачки бевме многу лоши, а фактички моментно имаме многу добра генерација. Не можеме да бидеме задоволни од квалификациите, групата беше идеална преку која можевме да се најдеме на ЕП.

Наумоски ја гледа најдобрата шанса за Македонија да се најде на ЕП 2020 преку „Лигата на нации“.

Преку тоа УЕФА натпреварување потребни ни се уште две победи за испишување историја, како неофицијални двојки во полуфиналето се најавуваат Македонија-Косово и Грузија-Белорусија.

– Тоа е една историска и реална шанса за нас – заврши Наумоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот