Наумоски: Антиќ да се извини за лагите инаку ќе тужам

Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ), Перо Антиќ, на неформалната средба со новинарите, го обвини поранешниот претседателл на КФСМ, Петар Наумоски. Тој беше обвинет за злоупотреба на средства на федерацијата на месечно ниво и тоа за плаќање магацински простор кој Наумоски го користел за приватни цели, а тоа чинело 500-600 евра месечно.

По ова обвинување, веднаш со реакција се јави Петар Наумоски кој побара извинување од Антиќ за објавените лаги и најави судска тужба доколку не се извини.
Соопштението на Наумоски ви го пренесуваме во целост:

„Прво би сакал да ги информирам дека ке добијат допис од моите адвокати за јавно да се извинат за изнесените превртени зборови и работи. Доколку не го сторат тоа, ќе си добијат соодветна тужба па нека го докажуваат на суд тоа што го зборуваат. Јас само би ги прашал: Дали федерацијата имала, има и ќе има потреба од магацински простор? Дали користела магацински простор.

Прочитајте и...  Драгана Ристова: Учев од Раул Гонзалез, кој несебично ми го предаде неговото знаење

Јас имам магацински простории во изобилие, што во моја сопственост и што во владение на мои блиски луѓе, така да нема потреба некој во минатото или во иднина да ми плаќа таков простор. Во првата година од моето работење, јас дел од тој простор отстапив гратис поради лошата финансиска состојба на самата федерација. Сето тоа зашто јас и мојот тим истата ја гледавме како наша блиска, а и сакавме да ја тргнеме повеќегодишната блокада и да ги расчистиме долговите.

Промената на состојбата за мојата помош околу гратис магацинскиот простор траеше сѐ додека група на луѓе не тргна да ме менува поради правилото за шест странци. Тогаш, во разговор со техничкиот секретар Соња, таа ми рече: ‘Пеце, гледаш дека колку и да правиш добро за кошарката, други секогаш ќе те плукаат и ќе бараат твоја смена’. Револтиран и отрезнет, решив целосно да работам во интерес на кошарката, но не гратис и со подароци. Нам секако ни требаше магацин, работите беа на три локации, од кои на две од нив целосната магацинска опрема на федерацијата, па со Соња се договоривме месечниот износ да не биде поголем од 30.000 денари, а вкупната површина беше преку 550 метри квадратни (што значи ниту едно евро по метар квадратен). Вистината е дека во едниот од магацините имаше и мои лични работи, што влијаеше цената да биде толку ниска. МКФ плаќала за нешто што имала потреба и би требало да закупи простор на друго место. Важно е дека не станува збор за измислен трошок.

Прочитајте и...  Савиќевиќ импресионираше во Мадрид: Време е за уште поголеми предизвици!

Комуникацијата за плаќање на фактурата ја имаше Соња, нејзиниот компјутер беше хакиран и тука се случи проблем околу тоа плакање (инаку во тој период имаше многу вакви случаеви во овој дел на Европа со огромни суми на пари). Нормално, ние пријавивме во полиција, во Интерпол, дојдоа службени лица и тие констатираа дека компјутерот бил хакиран, а за сето ова си има пријава и целосна документација. Прашањето е дали некој е малоумен кога изнесува обвинувања и невистини или пак немало извештај од ревизорската кука за таквата пријава. Сигурно не сме ние глупави и луди двапати да плаќаме нешто, да имаме некаква корист од тоа и сами да се пријавуваме во полиција и во Интерпол?

Прочитајте и...  Истече клаузулата на Меси да замине бесплатно ова лето

Сето ова се вика и се опишува со еден умерен збор – неспособност. Разочарани се бидејќи по долго најавуваната ревизија и очекувања за кој знае какви малверзации, паднале во очај бидејќи нема никакво незаконско работење, а уште помалку оштетување на буџетот на федерацијата, буџет што сам, со мала помош на УО, го наоѓав како што знам и умеам. Во изминатите четири месеци се донесени глупави, несмасни, неискусни и антикошаркарски одлуки, што навистина ретко која раководна структура можела да ги направи“, стои во соопштението на Наумоски.

 

Прочитај повеќе

Сите спортисти ќе се тестираат пред почетокот на сезоната

Слободен печат

Клубовите го поддржаа предлогот, крај на одбојкарската сезона во Македонија

Слободен печат

Георгиевски е новото десно крило на Вардар

Слободен печат

Официјално: Митревски е новиот голман на Порто

Слободен печат

Од вториот „шешир“ ги чекаме ривалите за учество на ЕП 2022!

Слободен печат

Потврдени осум трки, Ф1 сезоната ќе започне на 5 јули!

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Сите тестирани во ФК Вардар се негативни на Ковид-19

Слободен печат

Ново засилување од Шпанија во Еурофарм Пелистер (ВИДЕО)

Слободен печат

Легендарниот напаѓач Бирхоф со решение за Лигата на нации

Слободен печат

Савиќевиќ импресионираше во Мадрид: Време е за уште поголеми предизвици!

Слободен печат

На денешен ден Вардар ја освои втората титула во Лигата на шампионите! (ВИДЕО)

Слободен печат

Барселона криела дека има пет заразени играчи?

Слободен печат