Наумче Мојсовски доби позитивен тест на ковид-19

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски преку социјалните мрежи објави дека е позитивен на коронавирусот.

Поранешниот екс ракометен репрезентативец апелираше до граѓаните да го чуваат здравјето и да се празнува одговорно.

Поради контактите кои ги имав изминатиот период поврзани со моите работни обврски, одлучив да се тестирам и добив позитивен тест на ковид–19. Ви моментов немам симптоми, се чувствувам добро и ги следам препораките на мојот доктор.

Чувајте се и почитувајте ги мерките. Пред нас се денови кои досега сме ги празнувале со пријателите, поширокото семејство, надвор од дома.

Мојот апел до вас пријатели е да направите сѐ да го заштитите вашето здравје и здравјето на вашите најблиски. Да празнуваме одговорно – напиша Мојсовски на „Фејсбук“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот