Науката открила во кое време да јадете, придржувајте се до ова и ќе ги намалите килограмите

Ако до ова правило се придржувате, ќе ги намалите килограмите.

Балансот меѓу дебелеењето и губењето на килограми во најголема мера зависи од она што го јадеме и од тоа колку физички сме активни, но многумина запоставуваат еден многу важен фактор.

Имено, студијата која ја реализирале научниците од Вандербитовиот универзитет во Нешвил, САД, тврди дека не е важно само колку калории внесувате, туку и дека времето во кое ги внесувате одредува колку калории ќе успеете да стопите, пишува „Сајанс дејли“.

Вашиот биолошки часовник и сонот влијаат на тоа на кој начин организмот ќе ја обработи храната, а ефективноста во согорување на мастите се менува во зависност од сатницата во денот.

Телото е програмирано да согори масти во текот на спиењето, па кога ќе го прескокнете појадокот и наместо тоа јадете доцна навечер, го одложувате согорувањето на мастите. Истражувачите го надгледувале метаболизмот на средовечните и постарите лица во лабораториски услови во текот на две сесии во траење од 56 часа. Во секоја од сесиите, ручекот и вечерата била послужувани во исто време, во 12.30 и 17.45, но времето на третиот оброк се разликувало. На некои им бил давал појадок во 8 часот, додека други добивале подеднаков хранлив оброк во 22 часот, а во текот на вечерта двете групи имале ист број на часови за спиење.

Иако количината на оброкот ни активноста на субјектот не се разликувале, се увидело дека оние кои доцна навечер јаделе, согорувале помалку масти отколку оние кои третиот оброк го имале порано. На истражувачите тоа им донело заклучок дека времето на оброкот во текот на денот значајно влијае на тоа колку калории ќе потрошиме, а колку ќе складираме, поради што уште еднаш ја нагласија  важноста на појадокот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот