НАУКАТА ИМА ОДГОВОР: Зошто во врска често партнерите накачуваат килограми?

Сигурно секој од нас познава пар кој во текот на врската „заеднички“ накачил килограми, или пак, бил во врска во која му се случило тоа.

Науката овој феномен го истражувала пред неколку години, а дошле го интересни заклучоци, од кои клучниот е дека и слабеењето треба да биде заедничко.

Истражувачката оргнизација „PLOS One“ спровела тест на 15.000 Австралијанци и дошле до заклучок дека многу од нив во тек на љубовна врска ставиле килограм плус. Дошле до заклучок дека во просек едно лице во врска има околу 6 килограми повеќе од оние кои се сингл.

Причина за тоа е што кога сме во пар често сакаме да испробуваме нови места, да уживаме во кино со пуканки и сок, да се обидеме да зготвиме нешто за партнерот, да земеме десерт, да се јаде доцна во ноќта…

Од друга страна пак, дојдено е до заклучок дека паровите се нешто поздрави од сингл-луѓето, особено кога доаѓа во прашање консумацијата на алкохол и цигари.

Паровите најчесто си ја имаат меѓусебната утеха во однос на физичките измени и ако едниот реши да внесе измени во исхраната или да почне да вежба, многу е веројатно дека нема да успее доколку не добие поддршка од партнерот. Затоа, доколку се решите дека е време да ги симнете тие вишок килограми, одлично би било тоа да го правите во пар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот