Науката докажа дека луѓето навистина умираат кога им е доста од животот!

Колку и да звучи ненаучно, синдромот на откажување е вистински факт што се користи за да се опише медицински документиран, но тешко разбирлив феномен, во кој, всушност, умира индивидуата која изгубила волја да живее, без никаква очигледна физиолошка причина.

Состојбата е прво опишана кај Американците и војниците во Јужна Кореја кои во текот на Корејската војна загинале во ропство во логорите, а потоа е применето на воените сили во Виетнам и жртвите во нацистичките концентрациони логори темелено на сеќавањето на преживеаните.

Во концентрационите логори, луѓето кои биле спремни да се откажат, брзо биле препознаени од своите сопатници, знаејќи дека им е крајот близу тие би ја извадиле скриената цигара и би ја запалиле. Цигарите биле многу вредни зашто биле реткост.

Доктор Лич рекол: „Кога затвореникот ќе извади цигара и ќе ја запали, логорниците знаеле дека сосема се откажал и дека ја изгубил секоја надеж, па ќе умре“.

Честа врска во случаи на синдром на откажување е тоа што започнува со психолошки трауматска состојба која делува неизбежно. Страдателот реагира на овие навидум безнадежни услови со сè поголема екстремна апатија; повлекувајќи се од животот околу себе до тој степен што на крајот умира.

Меѓутоа, досегашните истражувања покажуваат дека смртта поради откажување не е неизбежна. Некои луѓе се опоравиле од состојбата идентична на состојбата која ја имале луѓето пред да починат, откако некој или нешто ги убедило уште еднаш да се вклучат во реалноста, пишува IFL Science.

Петте фази на откажувањето

Во надеж дека ќе го подобри разбирањето на оваа збунувачка состојба и, според тоа, можноста да се заобиколи, Лич има намера да биде првиот во историјата што ќе даде список на неговите клинички индикатори. Неговата студија, објавена во списанието „Медицински хипотези“, дефинира шема на пет фази. Оваа шема претпоставува хипотеза за активноста на мозокот во секоја од петте фази.

– Психогената смрт е реална. Тоа не е самоубиство, не е поврзано со депресија, но чинот на откажување од животот и умирањето, обично во рок од неколку дена, е многу реална состојба која честопати се поврзува со тешка траума – вели Лич.

Објаснува дка луѓето кои се погодени од синдромот на откажување, смртта ја сметаат за најдобар можен механизам за соочување со неподносливиот стрес предизвикан од ситуацијата во која се наоѓаат.

Социјалното повлекување е честа појава кај луѓето кои претрпеле значајна траума, но кај синдромот на откажување тоа преминува во апатија. Лич се повикува на приказните од преживеаните за да го опише овој вид на апатија како деморализирачка меланхолија која е различна од гневот, тагата или фрустрацијата што една личност ја чувствува. Во тој момент, личноста престанува да внимава на хигиената.

Третата фаза се нарекува абулија и претставува зголемена апатија, па човекот нема никаква иницијатива да ги извршува своите дневни задачи; а често престанува и да зборува и да јаде.

– Интересно е што абулијата претставува празен ум или свест лишена од содржина. Луѓето кои закрепнале, оваа фаза ја опишуваат како празен мозок, – објаснува Лич.

Четвртата фаза, наречена психичка акинезија, се карактеризира со губење на реакција на физички стимули, дури и при силна болка. Конечно, ако не се случи никаква интервенција, заболените се откажуваат од животот и следува петтата фаза, односно смрт.

Лич верува дека промените во неколкуте поврзани регии на мозокот, кои заеднички ги нарекуваме преден цингулатски круг (ACC), можат да бидат одговорни за патологијата на откажувањето. ACC е клучен во мотивацијата и целното однесување, а пореметувањето на допаминската сигнализација во тие мозочни регии предизвикува слично апатично однесување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот