Научно докажано: Мажите со поголем стомак се подобри љубовници

Фото: Pexels/Karolina Grabowska

Иако многу жени, опишувајќи го својот совршен маж, сонуваат за убавец со мускулесто тело, научниците ги советуваат да го свртат погледот кон оние мажи чија фигура наликува на Хомер Симпсон, пишува „ЈорТанго“.

Иако можеби нема да ве привлече на прв поглед, мажот со „пивски“ стомак ќе ве изненади на некои поважни полиња. Научна студија, спроведена во Турција во 2017 година, ја потврди тезата дека подебелите мажи, кои притоа имаат и поизразен стомак, се многу поиздржливи љубовници и имаат подобри перформанси, во споредба со слабите мажи.

Научниците ја истражувале врската помеѓу индексот на телесна маса (БМИ) и сексуалните перформанси на 100 мажи, кои признале дека имале проблеми со одредени потешкотии кога станува збор за сексот, во споредба со оние кои не можеле да се пожалат на својот потенцијал.

Резултатите покажале дека мажите со повисок индекс на телесна маса, а воедно и поголем стомак, можеле да издржат во просек 7,3 минути во кревет, додека послабите мажи – едвај две минути. Разликата од пет минути е доста значајна.

Научниците велат дека мажот со вишок сало на стомакот има повеќе од женскиот полов хормон естрадиол, кој го пролонгира доживувањето оргазам.

Исто така, научниците откриле дека послабите мажи имаат поголема веројатност да страдаат од предвремена ејакулација.

Па, убавецот кој го меркате во теретаната може да биде многу полош љубовник од оној кој е помалку затегнат, па дури и буцкаст. Овој факт би можел да биде мало разочарување за жените кои бараат партнер со изразени мускули и атлетски изглед. Од друга страна, ако сте од оние кои уживаат во вкусната храна, тогаш ќе бидете во добро друштво и нема да го осудувате туѓото сало на стомакот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот