Научно докажани здравствени придобивки од ананасот

Profimedia
Фото: Profimedia

Ананасот е многу повеќе од слатко, вкусно тропско овошје, бидејќи има и многу значајни здравствени придобивки.

Aнанасот e овошје кое во народната медицина се користело уште од античко време. Тој е одличен извор на витамин Ц, витамин Б, растителни влакна и минерали како манган.

Ананасот може да го најдете свеж, замрзнат или конзервиран, што го прави овошје што може да се конзумира во текот на целата година. Диетичарите советуваат дека, сепак, најдобро е да се користи свеж. Бидејќи, ананасот е овошје кое природно содржи шеќер во форма на фруктоза, а во конзервирана форма може да има дополнителни додатоци на шеќер.

unsplash

 

Ананасот е богат со витамин Ц

Витаминот Ц присутен во ананасот го поддржува имунолошкиот систем и има антиоксидантни придобивки. Една шолја ананас, содржи 78,8 милиграми витамин Ц – што е повеќе од препорачаниот внес во исхраната за возрасни жени (75мг на ден) и е близу до препораката за мажи (90мг на ден).

Витаминот Ц е важен затоа што игра значајна улога во здравјето на целиот организам, го стимулира растот и заздравувањето на различните процеси во организмот, од заздравување на рани до апсорпција на железото во крвта.

Ананасот е добра замена за оброк

Сокот од ананас може да помогне во намалување на производството и разградувањето на маснотиите. Сепак, потребни се повеќе студии спроведени на луѓе за да се потврди овој резултат. Дури и ако нема значително влијание врз метаболизмот на човекот, ананасот е добар избор за закуска или дури и како замена за оброк затоа што е малку калоричен, а богат со важни витамини и минерали и не вклучува заситени масти. Експертите истакнуваат дека не постои специфично овошје или зеленчук што директно предизвикува губење на тежината, но постојат такви што ќе ни помогнат да јадеме без внесување многу калории.

pixabay

Ананасот може да го олесни процесот на варење на храната

Ананасот содржи бромелаин, мешавина од ензими за кои студиите покажуваат дека можат да намалат воспаление и оток на нос, а исто така помагаат во заздравување на раните и изгореници. Бромелаинот може да го подобри варењето на храната а во земјите од Централна и Јужна Америка со години се користи за лекување на дигестивни нарушувања. Некои студии сугерираат дека бромелаинот во ананасот може да помогне во намалување на ефектите на дијарејата.

Манганот во ананасот ги зајакнува коските

Истражувањата покажаа дека, заедно со калциумот, манганот е неопходен за одржување на здрави и цврсти коски. Ананасот е еден од најдобрите извори на минерали, бидејќи една шолја ананас содржи околу 76% од препорачаната дневна доза на манган. Манганот може да помогне во спречување на остеопороза и да помогне во подобрување на вкупната густина на коските. Сепак, внимателно! Внесот на манган може да биде опасен затоа што може да го зголеми ризикот од когнитивни нарушувања доколку се внесат повеќе од 11 мг на ден. Но, не треба да се грижите, имајќи предвид дека би било тешко да се достигнат тие нивоа, бидејќи половина шолја ананас содржи помалку од 1мг манган.

pixabay

Ананасот е богат со антиоксидантни

Ананасот е одличен извор на антиоксиданти, особено феноли, флавоноиди и витамин Ц. Антиоксидансите се соединенија во храната што можат да помогнат во борбата против воспаленијата и слободните радикали во телото. Слободните радикали се молекули кои можат да предизвикаат оштетување на клетките и да доведат до посериозни здравствени проблеми како срцеви заболувања, дијабетес тип 2, Алцхајмерова болест и проблеми со очите. Храната богата со антиоксиданси, како што е ананасот, може да игра значајна улога во борбата против овие ризици.

Ананасот учествува во борбата против ракот

Ракот се јавува кога абнормалните клетки во телото почнуваат да се размножуваат и го заземаат здравото ткиво. Иако не постои гаранција за спречување на карцином, експертите сугерираат дека консумирањето здрава храна особено храната богата со антиоксиданти може да му помогне на телото да се бори против слободните радикали.

Ананасот има антиинфламаторни својства

Премногу воспалителни процеси во телото можат да предизвикаат многу болести, вклучувајќи ја болеста на коронарните артерии, дијабетес, рак и Алцхајмерова болест. За среќа, исхраната богата со антиинфламаторни својства, како што е ананасот, може да помогне во намалување на воспаленијата во телото.

Ананасот помага во заканување на имунитетот

Откако ќе го прочитате сево ова, можеби ќе сакате да јадете ананас следниот пат кога ќе се борите против настинка или грип. Студија објавена во 2014 година покажала дека децата кои конзумирале ананас имале помалку вирусни и бактериски инфекции во споредба со децата кои не го конзумирале во текот на девет недели колку што траело истражувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот