Научник успеал да дознае: Вашиот месец на раѓање ги носи овие болести!

Специјалистите тврдат дека сега постојат и научни причини поради кои треба да обрнете внимание на месецот во кои сте родени!

Проучувајќи големи бази на податоци за пациенти кои Медицинскиот центар на Колумбија ги развивал во последните неколку години, докторот Никола Татонети и неговиот тим првпат внимавале дали месецот на раѓање навистина може да има некаква врска со настанокот на одредени болести.

Успеале да утврдат дека од 1668 болести кои се приметени кај пациентите, 55 покажале силна врска со месецот во кој тие луѓе се родени, а Татонети тврди дека тоа не е случајност.

Урвдена е врска со 16 болести кои никој до сега не ги поврзувал со месеците, а меѓу нив голем број се поврзани со здравјето на срцето.

„Астрологијата се темели на месецот во кои сте родени, што штети на ваквите истражувања,  бидејќи таа нема никакви научни докази кои ја потврдуваат. Времето од годината во кое сте родени се одразува на вас по раѓањето”, вели Татонети.

Според податоците добиени од истражување спроведено на 1,7 милиони луѓе, родените во јануари најчесто страдаат од хипертензија, додека февруари како месец на раѓање носи атријална фибрилација, нарушување на срцевиот ритам што предизвикува атријален трепет.

Исто така, се покажало дека пролетните месеци носат срцеви заболувања, па така оние кои се родени во март страдаат од атеросклероза, а оние кои роденденот го слават во април, не можат да ја одбегнат ангината.

Родени во мај, јуни, јули и август се најчесто многу здрави и поштедени од злобни болести, кои повторно се јавуваат во септември – родените во овој месец страдаат од астма.

Од друга страна, октомври е месец кој носи и психички болести, ноември чести инфекции, додека родените во декември се борат со бронхиолитис од најраните денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот