Научник од Албанија откри вакцина против рак – Слободен печат
Ви ПрепорачувамеЗдравјеМагазин

Научник од Албанија откри вакцина против рак

Вакцината ги третира различните форми на рак, го спречува и појавувањето на рак кај здрави луѓе.

Шуаип Краја е научникот од Албанија кој отрки вакцина против рак, а професорот го доби и патентот од Европската мрежа за патенирање. Името на професорот од Скадар стана познато во многу земји од светот. Односно веќе 12 држави му дадоа подршка за вакцината против ракот.

Но, која е всушност функцијата на оваа вакцина? Таа ги третира различните форми на рак кај засегнатите лица, а исто така го спречува и појавувањето на ракот кај здрави луѓе.

Вакцината ќе се користи во форма на интелигентна игла, која може да ги диференцира и да ги убие малигните клетки на селективен начин, без да предизвика оштетување на нормалните клетки на организмот. Вакцината е тестирана од страна на албански и странски пациенти, кои ги потврдија нејзините лековити ефекти, пренесува Коха.мк.

Професорот одбива вакцината против рак да ја произведува и во други земји.

– Надвор од земјата направив научни проекти, но создавањето на вакцината ја финализирав во Албанија. И затоа не сакам да ја произведувам во други земји – вели Краја.

Од научен аспект се било завршено, а сега се очекува  вакцината да биде пуштена во призводство. Но, тоа засега е проблем, бидејќи научникот вели дека во неговата држава недостасуваат средства, односно дека нема доволно опрема за тоа.

– Срамно е да не се инвестира во нешто што не само што ќе им помогне на луѓето да заздрават, туку и ќе донесе огромни профити за земјата – додава професорот.

Во интервју за dritare.net, професорот Краја кажува дека на само 23 години ја открил и вакцината против туберкулоза. Причина за откривање на ова вакцина била неговата мајка, која била болна од туберкулоза.

Токму со неговиот пронајдок таа била лекувана и живеела дури 90 години. Инаку, тој имал завршено молекуларна биологија во Тирана.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close