14 C
Скопје

Научниците загрижени: Откриле неидентификувани хемикалии кај бремени жени

Ново истражување открило десетици „мистериозни хемикалии“ во телата на бремени жени – научниците загрижени и збунети.

Од 109 необични хемикалии идентификувани во студијата, 55 никогаш досега не биле пронајдени во човечкото тело, се открило со новото истражување објавено минатата недела во списанието „Environmental Science & Technology“. Други 42 биле тотална мистерија за научниците – и од аспект на тоа од каде потекнуваат и за какви хемикалии станува збор.

unsplash

Ова откритие го потенцира недостатокот на регулаторен надзор во хемиската индустрија која употребува потенцијално опасни хемикалии не откривајќи што точно користат, соопштија научниците од Сан Франциско кои работеле на студијата на Универзитетот во Калифорнија.

Многу е загрижувачки фактот што не можеме да ги идентификуваме употребите или изворите на толкав број хемикалии“, рече главната авторка на студијата и експерт за репродуктивни науки, Трејси Вудруф.

Прочитајте и...  Љубовната приказна на Андреја Бочели и Вероника: Поради неа го напушти семејството и никогаш не се покаја
Profimedia
Profimedia

Агенцијата за заштита на животната средина мора повеќе да внимава и да бара стандардизирање на извештаите од хемиската индустрија за хемиските соединенија и нивната употреба. И тие треба да ја искористат својата авторитативна моќ за да се осигурат дека имаме соодветни информации за да ги процениме потенцијалните здравствени штети и да ги отстраниме хемикалиите од пазарот кои претставуваат ризик“, вели Трејси.

Истражувачите велат дека некои од хемикалиите се користеле како пестициди, материјали за пакување и друга пластика, а за повеќето имало толку малку информации што не можеле да откријат од каде потекнуваат и како пациентите ги внеле во својот организам.

unsplash

Тоа е загрижувачка вест, особено затоа што соединенијата можат лесно да се прошират од мајката на бебето, што преставува сериозна закана за двајцата.

Прочитајте и...  На денешен ден - 20 април

Алармантно е што постојано гледаме како одредени хемикалии патуваат од бремените жени до нивните бебиња, што значи дека овие хемикалии можат да бидат со нас со генерации“, додаде Вудруф за „Futurism“.

Поврзани вести

ФОТО | Панчо од „ДНК“ со опинци на нозете и торбичка преку рамото го напушта главниот град: Во селата е душевниот мир и добрите луѓе

М.Р

ФОТО: Ким Кардашијан не ја пропушти големата прослава на Бекамови

Слободен печат

Експерт објаснува зошто децата постојано ја бараат својата мајка

Слободен Печат

Правила што не смеете да ги прекршите кога приготвувате шпагети

Слободен Печат

ВИДЕО | Три совршени летни бохо фризури кои ќе направат да изгледате одлично: Неодоливи, а така лесно се прават!

Слободен печат

Сестрата на Мајкл Џексон има пластично лице зад кое се крие хорор приказна – Татко ми ме силуваше, а мајка ми му велеше: Не, Џо, таа вечерва е уморна

Слободен печат

Остави Коментар