Научниците зачудени: Што се случува со срцето на астронаутите по една година во вселената?

epa-efe
epa05192059 A handout photo made available by NASA, showing Expedition 46 Commander Scott Kelly of NASA after arriving at Ellington Field, 03 March 2016 in Houston, Texas after his return to earth. Kelly and Flight Engineers Mikhail Kornienko and Sergey Volkov of Roscosmos landed in their Soyuz TMA-18M capsule in Kazakhstan on 01 March (Eastern time). Kelly and Kornienko completed an International Space Station record year-long mission as members of Expeditions 43, 44, 45, and 46 to collect valuable data on the effect of long duration weightlessness on the human body that will be used to formulate a human mission to Mars. Volkov returned after spending six months on the station. EPA/NASA / JOEL KOWSKY / HANDOUT MANDATORY CREDIT: NASA/JOEL KOWSKY, HANDOUT EDITORIAL USE ONLY

Во една неодамнешна студија, научниците откриле дека поминувањето подолг период во вселената, може да доведе до истите несакани ефекти на кои се изложени пливачите кои пливаат на долги растојанија – и двете активности можат да доведат до намалување на масата на срцето.

Истражувачите дошле до овој заклучок споредувајќи ја физичката состојба на астронаутот Скот Кели, кој поминал една година во вселената, со состојбата на маратонскиот пливач Беноит Лекомте. Во двете ситуации, дошло до атрофија на органот, пишува „Би-Би-Си“.

Истражувањето го водел д-р Бенџамин Левин, професор по интерна медицина на Универзитетот во Тексас при Југозападниот медицински центар во Далас.

Истражувањето е важно затоа што дава значителен увид во тоа што може да се случи со астронаутите за време на долгорочните вселенски експедиции, како што е онаа на Марс, планирана од НАСА во следните децении.

unsplash

Истражувањата покажаа дека срцето е неверојатно „пластично“ и се прилагодува на притисокот на кое е изложено. Недостаток на притисок како резултат на недостаток на гравитација предизвикал срцето на Кели да изгуби на маса. За време на летот во вселената, една од работите што се случува е тоа што веќе немате толку изразен крвен притисок кон горниот дел од телото, бидејќи нема гравитација“, изјави Левин за „Би-Би-Си“.

Астронаутот Скот Кели поминал 340 дена на Меѓународната вселенска станица (ISS), делумно за да им овозможи на научниците да го испитаат влијанието на долгиот престој во вселената врз човечкото тело.

Од друга страна, се анализирал и случајот на пливачот Лекомте, кој во 2018 година пливаше во Тихиот океан и успеа да исплива повеќе од две илјади и осумстотини километри за 159 дена, пливајќи во просек скоро шест часа на ден, по што тој се откажа.

Научниците успеаја да докажат дека временски долгото пливање има сличен ефект врз срцевиот притисок како и престојот во вселената и во услови без гравитација затоа што човекот поминува повеќе време во хоризонтална положба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ben Lecomte (@thevortexswim)

Научниците објаснуваат дека подолго време го истражувале „лежењето во хоризонтална положба“ со цел да симулираат услови како за време на летот во вселената. Затоа што дури и за време на лежење подолг временски период, се менува крвниот притисок, односно протокот на крв помеѓу главата и стапалата.

Според искуството на професорот Левин, најдобра позиција за истражување била позицијата во која едно лице лежи потполно рамно на грб или стомак. Така, по одредено време, крвниот притисок во телото се менува и предизвикува, срцевиот мускул да ја намали својата маса.

Гледајќи ја левата комора на срцето на г-дин Лекомт, видовме дека изгубил 20-25 проценти од вкупната маса за време на четири до пет месеци пливање. За време на една година во вселената, видовме и до 27 проценти намалување на срцевата маса кај астронаутот Кели“, вели Левин

Добрата вест е дека процесот на намалување на срцевата маса може да се врати со редовно вежбање.

epa-efe
EPA/BILL INGALLS / NASA /

Имено, астронаутите имаат редовен и многу ригорозен план за вежбање. Иако ова помага, се чини дека не е доволно за да се минимизира влијанието на останувањето во вселената врз мускулите и коските.

Тоа е интересно во науката, најмногу учиш кога откриваш работи што воопшто не си можел да ги предвидиш“, вели д-р Бенџамин.

Добрата вест е дека промените во срцето не се долгорочни. Пливачот и астронаутот закрепнале брзо по враќањето на копното и на Земјата!

Научниците исто така забележуваат дека да се биде во вселената може да го зголеми ризикот од оштетување на срцето, што може да се покаже катастрофално ако астронаутот доживее срцев удар во вселената.

Професорот Левин е дел од програмата „Cipher“ на НАСА, во која уште десет астронаути ќе бидат испратени во долгорочни мисии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот