Научниците со застрашувачки податоци: Коронавирусот предизвикува една хронична болест

Новите откритија поврзани со последиците од заболувањето од коронавирусот ги загрижија научниците. Наводно, како што во петокот предупредија експерти од областа на науката, Ковид-19 предизвикува дијабетес кај луѓе кои пред заразувањето го немале.

Овој заклучок е објавен во „New England Journal of Medicine“, а до него дошле по набљудување на група на пациенти заразени од вирусот. Пациентите ги набљудувале врвни експерти од областа на дијабетесот. Меѓутоа, и понатаму не е потполно јасно на кој начин овој вирус го предизвикува дијабетесот.

Франческо Рубино, професор од Кингс колеџот во Лондон и еден од авторите на истражувањето, вели дека е можно тие пациенти да биле склони на дијабетес кој бил поттикнат од Ковид-19, но и дека можеби некои од нив не знаеле дека веќе имале дијабетес.

– Секако, постои можност некои од нив да откриле во болницата дека боледуваат од дијабетес, доколку не го провериле тоа претходно. Инфекциите додатно го зголемуваат нивото на шеќерот. Меѓутоа, и да е така, бројот на пациенти кои истовремено се заразени со вирусот и дијабетес е многу поголем од бројот на пациенти кои се болни да кажеме од сезонски грип и дијабетес истовремено, вели тој.

Познато е и дека коронавирусот секако ја влошува состојбата кај пациентите кои веќе се заболени од дијабетес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот