Научниците пронашле нов орган во грлото проучувајќи го ракот на простатата

The Netherlands Cancer Institute

Досега научниците мислеа дека постојат само микроскопски плунковни жлезди во назофаринксот зад носот, но истражувачите од холанскиот Институт за рак открија нов сет жлезди со должина од скоро 2 сантиметри.

Новооткриените жлезди ги нарекле Тубарни плунковни жлезди поради нивната положба над делот на рскавицата, кој се вика торус тубариус. При PSMA PET-CT скенирањето, лекарите му вбризгуваат на пациентот радиоактивна „трага“, која добро се врзува за протеинот PSMA кој е зголемен во клетките на карциномот на простатата, а добар е и во откривање на ткива на плунковните жлезди.

Истражувачите рекле дека новооткриените жлезди веројатно ќе се користат за подмачкување на горниот дел на грлото зад носот и устата, пишува Скај њуз.

Фото/The Netherlands Cancer Institute

За да го потврдат своето откритие научниците прегледале 100 пациенти и откриле дека сите ги имаат тие жлезди, а го сецирале и подрачјето на назофаринксот на два трупа и резултатите биле исти.

Наодите на научниците би можеле да помогнат во намалување на несакани ефекти од некои третмани на карцином. Докторите кои користат радиотерапија за лекување на рак на главата и вратот се обидуваат да ги избегнат трите главни плунковни жлезди бидејќи нивното оштетување може да предизвика потешкотии при јадењето, говорот и голтањето кај пациентите.

Следен чекор е да дознаеме како најдобро да ги поштедиме овие нови жлезди и кај која група на пациенти. Ако успееме во тоа, пациентите може да имаат помалку несакани ефекти, што ќе биде од корист за нивниот квалитет на живот по лекувањето“, изјавил д-р Вогел.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот