Научниците пронашле лек за стрес: Песната на оваа позната пејачка има смирувачко дејство на нервниот систем (ВИДЕО)

Youtube

Британските научници спровеле истражување и заклучиле дека музиката помага во опуштање на нервниот систем и дека некои песни се значително поефективни од другите.

Во овој експеримент учествувале повеќе од 100 испитаници. Било потребно да решаваат тешки задачи кои бараат многу умствена работа, а за сето тоа имале ограничено време и фактори кои ги попречувале.

Притоа им бил мерен крвниот притисок, дишењето, активноста на мозокот и пулсот. За тоа време испитаниците слушале различни песни, а научниците ги забележувале промените на нивото на стрес и направиле список на песните кои имале најпозитивно дејство.

Овие три нумери можат да ве опуштат во напнатите ситуации.

На првото место е песната „Someone Like You“ што ја изведува Адел.

На второ место е песната на „Колдплеј“, „Strawberry Swing“,

а третото место го зазема песната „Weightless“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот