Научниците потврдија: Јаткастите плодови можат значително да го подобрат генетскиот профил на сперматозоидите

unsplash
Ореви / Фото: Unsplash / Nordwood Themes

За прв пат, нутриционистите успееја да потврдат дека има поврзаност помеѓу одредена храна и квалитетот на спермата, во овој случај – бадеми, лешници и ореви. Квалитетот на спермата зависи од многу фактори, не само од генетиката, туку и од природната средина, начинот на живот и, особено, исхраната, чија важност научниците неодамна ја потврдија, пишува „New York Post“.

unsplash

Резултатите покажаа дека мажите кои јадат по принципот на т.н. западни диети, кои се богати со црвено месо, индустриски производи и шеќер, веднаш по вклучувањето на јаткасти плодови во исхраната го подобруваат генетскиот профил на сперматозоидите.

Новото истражување се заснова на претходни откритија кои укажуваат на подобрувањето на вкупниот квалитет на сперматозоидите, вклучително и подвижноста и бројот на сперматозоиди кај мажите кои редновно јадат јаткасти плодови.

unsplash

Сепак, истражувачите од Универзитетот во Јута и Шпанскиот Универзитет Ровира и Виргил во Тарагона, отидоа чекор подалеку испитувајќи ги молекуларните процеси односно метилацијата, кои потврдија дека при зголемен внес на ореви, лешници и бадеми доаѓа до промена на квалитетот на спермата за релативно краток временски период.

Нивното клиничко испитување на случаен примерок вклучувало група од 72 здрави помлади мажи. Од 48 од нив било побарано во нивната исхрана да вклучат по 60 грама јаткасти плодови на ден во период од 14 недели, додека на останатите 24 испитаници им кажале да си продолжат со вообичаената исхрана.

unsplash

На крајот на експерименталниот период, кај испитаниците кои биле на исхрана збогатена со бадеми, лешници и ореви, биле идентификувани 36 геномски региони во нивниот ДНК примерок на сперматозоиди кои биле „значително диференцијално метилирани“ во споредна со контролната група. Од тие 36 региони, во 97,2% од примероците било откриено дека станале „хиперметилирани“.

Оваа студија е првиот цврст доказ дека грицкањето јаткасти плодови има непосредна корист за многу мажи.

unsplash

Ова истражување покажува дека постојат некои чувствителни региони на епигеномот на сперматозоидите кои реагираат на исхраната и може да резултира со промени во спермата и нејзината способност да оплоди“, изјави главниот автор на студијата Алберт Салас-Хуетос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот