Научниците открија колку долго коронавирусот се задржува на кожата

Profimedia

Научниците од јапонскиот Универзитет „Кјото“ спроведоа студија во која ја тестираа издржливоста на вирусот САРС-КоВ-2 (SARS-CoV-2) и вирусот на инфлуенца А (ИАВ) (А (IAV) во мешавина на слузта на горните дишни патишта и на човечката кожа. Тие исто така ја тестирале ефикасноста на дезинфекцијата од 80-процентен етанол против тие два вируса.

Јапонските научници во студијата откриле дека и двата вируса значително помалку се задржуваат на површината на кожата отколку на другите неоргански површини (како метал, пластика, стакло), но важно е да се напомене дека новиот коронавирус може да преживее на кожата значително подолго од ИАВ.

Откриле дека вирусот САРС-КоВ-2 на кожата преживува дури 9,04 часа, додека ИАВ на човечката кожа може да преживее само 1,82 часа во просек.

Студијата покажа и колку долго двата вируса можат да преживеат во слузта на горните дишни патишта. Новиот коронавирус може да преживее и до 11 часа во слузта, додека ИАВ станува неактивен по само 1,69 часа.

Тестирајќи ја ефикасноста на 80-процентниот етанол во неутрализирањето на двата вируса на човечката кожа, студијата покажала дека оваа концентрација на етанол целосно ги оневозможува за само 15 секунди.

Заклучокот на јапонските научници е дека издржливоста на новиот коронавирус на човечката кожа го зголемува ризикот од пренесување на заразата преку контакт и со тоа ја интензивира самата пандемија. Затоа, хигиената на рацете е исклучително важна во спречувањето на ширењето на заразата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот