НАУЧНИЦИТЕ ФАСЦИНИРАНИ: Морско животно помина когнитивен тест… дизајниран за деца!

January 30, 2005, Palau, Micronesia: Divers On Underwater Scooters And A Common Cuttlefish (Sepia Officinalis); Palau, Micronesia,Image: 490489533, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Dave Fleetham / Zuma Press / Profimedia

Нов тест за паметни кефалоподи потенцира колку е важно, за нас луѓето, да не ја потценуваме интелигенцијата на животните.

Сепиите (морски ткивни животни кое спаѓаат во без’рбетниците) биле ставени на нова верзија на тест со т.н. Мачмелоу коцки (десерт), а резултатите, се чини дека обелоденуваат како во нивните чудни мали мозоци се случува повеќе отколку што научниот свет знаел досега.

Нивната способност да учат и да се прилагодат, рекоа истражувачите, еволуирала за да им овозможи на сепијата да имаат предност во морскиот свет, во однос на непишаното правило „јади или ќе бидеш изеден“

Тестот со Мачмелоу коцки или експериментот со Мачмелоу коцки од Стенфорд е прилично јасен. Дете се става во просторија со десертот. Ним им е кажано ако можат да успеат да не ја изедат коцката за 15 минути, ќе добијат „втора тура“ Мачмелоу и ќе им биде дозволено да ги изедат и двата десерти.

Можност за одложување на задоволството ги покажува когнитивните способности кај сепиите, како што е планирањето за иднината, и првично беше спроведено за да се проучи како се развива човековото спознание; конкретно, на која возраст човекот е доволно паметен за да го одложи задоволството, ако тоа значи подобар исход подоцна.

Сепии / Фото: EPA/ALEX HOFFORD

Бидејќи овој тест е многу едноставен, може да се прилагоди и за животните. Очигледно, не можете да му кажете на животното дека ќе добие подобра награда ако чека, но можете да ги обучите да разберат дека следува подобра храна, ако не ја изедат веднаш храната што ја гледаат пред себе.

Некои примати можат да го одложат задоволството, како кучињата, иако неконзистентно. Враните, исто така го поминале стенфордскиот тест.

Минатата година сепиите поминале верзија на овој тест. Научниците докажаа дека обичните сепии (Sepia officinalis) можат да се воздржат од јадење месо од рак наутро, откако ќе научат дека вечерата ќе биде нешто што повеќе им се допаѓа – ракчиња.

Како што истакна тим на истражувачи предводени од биологот и екологистка Александра Шнел од Универзитетот во Кембриџ, во новиот труд, преку првиот тест сепак тешко било да се утврди дали оваа промена во однесувањето кога станува збор за храна како одговор на достапноста на плен, исто така, е регулирана од способноста за самоконтрола.

Така, оттаму дизајнирале уште еден тест, за шест обични сепии. Без’рбетните морски животни биле ставени во посебен резервоар со две затворени комори, кои имале транспарентни врати за животните да можат да гледаат внатре. Во коморите имало грицки – помалку омилено парче од сирово ракче во едната, како и многу попримамливо парче за сепии, живи ракчиња во другата комора.

Вратите имале и симболи, за кои сепиите веќе биле обучени, да ги препознаваат. Симболот круг означувал дека вратата ќе се отвори веднаш. Триаголник, пак, означувал дека вратата ќе се отвори по временски интервал од 10 до 130 секунди. И квадрат, кој се користи за т.н. контролна група, означувајќи дека вратата останува затворена на неодредено време.

Во тест-состојба, парчето од ракчето било ставено зад отворената врата, додека пак живите ракчиња биле достапни само доколку овие морски животни се воздржат за малку подоцна. Ако сепијата тргне по наградата, во овој случај живите ракчиња, пред предвидениот период,  ракчињата веднаш биле отстранувани.

Истражувачите откриле дека сите сепии во тест-состојба решиле да ја чекаат својата награда (живи ракчиња). „Сепиите во оваа студија беа во можност да почекаат за подобра награда и толерираа одложувања до 50-130 секунди, што е споредливо со она што го гледаме кај ‘рбетниците со големи мозоци, како што се шимпанзата, гаврани и папагали”, истакна Шнел.

Другиот дел од експериментот бил тестирање на тоа колку се добри шесте сепии, кога станува збор за учење. Им биле покажани два различни визуелни загатки, во форма на сив и бел квадрат. Кога ќе се приближеле до едниот, истражувачите го ваделе другиот квадрат од резервоарот; а доколку погодат кој квадрат е „правилниот“ избор, биле наградувани со грицки.

Откако научле да ги поврзуваат квадратите со награда, истражувачите ги смениле знаците, така што другиот квадрат сега станаал знак за награда. Интересно е тоа што сепијата што научила најбрзо да се прилагоди на оваа промена, била истата сепија која можела да чека најдолго за претходната наградата, од живи ракчиња.

Се чини дека овие без’рбетни морски животни покажуваат одлични сигнали на самоконтрола, но она што не е јасно е – зошто?

Кај животни како папагали, примати и врани, способноста за одложеното задоволување е поврзано со повеќе фактори, како на пример употребата на алатки (затоа што бара планирање однапред), складирање храна (од очигледни причини) и социјална компетентност (поради просоцијалното однесување – пример: „осигурување“ дека за сите има храна).

Сепија / Фото: EPA/HOW HWEE YOUNG

Сепиите, колку што знаеме, не користат алатки, не сладираат храна, ниту се особено социјални. Истражувачите сметаат дека оваа способност да се одложи задоволството, може да има врска со начинот на кој сирењето ја храни нивната храна.

„Сепиите го поминуваат поголемиот дел од своето време камуфлирање, седење и чекање, обележани со кратки периоди на потрага по храна“, вели Шнел.

„Овие без’рбетни животни ја губат камуфлажата кога се хранат и тогаш се изложени на секој предатор во океанот што сака да ги изеде. Нашиот тим претпоставува дека одложеното задоволување можеби еволуирало како нуспроизвод токму на тоа, односно нашата претпоставка е дека сепиите можат да ја оптимизираат или одложат потрагата за храна, бидејќи сакаат да дојдат до повкусен оброк“.

Ова е фасцинантен пример за тоа како многу различни начини на живот, кај многу различни видови, можат да резултираат во слично однесување и когнитивни способности. Идните истражувања треба, како што истакна тимот, обид за да утврдат дали навистина сепиите се способни да планираат за во иднина.


Превод: Валентина Ташева / Oригиналното истражување e објавено на Proceedings of the Royal Society B.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот