Научниците блиску до пронаоѓање на лек за еболата во Конго?

Првичните резултати од тестирањето на два нови лекови покажуваат дека научниците се еден чекор поблизу до истребување на болеста, поради која од минатото лето во Конго загинаа над 1.800 луѓе.

„Отсега, повеќе нема да велиме дека ЕВД (болест на вирусот ебола) е неизлечива“, Жан-Жак Мијембе-Тамфун, генерален директор на федералниот институт за медицински истражувања на ДРК изјави за новинарите. „Овој напредок, во иднина, ќе помогне во спасување илјадници животи.

Првичните резултати откриле дека 499-те пациенти кои ги примиле двата третмани имале поголема шанса за преживување.

Двата ефикасни лекови покажале уште подобри резултати кај пациентите кои биле лекувани рано, рече Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и заразни болести (НИАИД) и еден од истражувачите што го водеше тестирањето.

„Тоа значи дека сега имаме лек за болеста, за која не многу одамна, воопшто немавме терапевтски пристап“, рече Фаучи на прес-конференција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот