Научници развија нов тест на антитела на коронавирусот: Резултати за 35 минути

EPA EFE
Тестирање за коронавирус, Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Научници во Шкотска и Швајцарија развија нов, брз и прецизен тест на антитела на коронавирусот. Британската компанија „Којшнт” (Quotient) соопшти дека секоја серолошка скрининг машина има капацитет до 3.000 тестови дневно и дава резултати за 35 минути со 99,8 отсто прецизност.

Со тој тест може да се утврди дали лицето е заразено со коронавирус и дали развило антитела на Ковид-19.

  • Искрено сме горди бидејќи развивме толку брз и точен тест. Ова е извонреден резултат на нашите тимови во Единбург и во Швајцарија. Сега сакаме колку е можно побрзо да им помогнеме да многу луѓе, изјави генералниот директор на британската компанија, Франц Валт.

Компанијата потврди дека има на располагање 12 машини кои можат да обработат до 36.000 тестови дневно или 252.000 неделно. Се очекува до крајот на годината да бидат подготвени уште 20 машини.

Компанијата во петокот доби европско регулаторно одобрување за „MosaiQ” серолошки машини за скрининг, за кои тврди дека имаат 100 отсто чувствителност и 99,8 проценти специфичност. Тоа значи дека постои мала веројатност за погрешно читање или „лажно позитивни” резултати.

Портпарол на шкотската Влада изјави дека здравствениот систем на Шкотска, заедно со клучите партнери, ги истражува сите можности околу новите тестови на антитела.

  • Шкотската Влада блиску соработува со властите во Лондон, со цел на сите да им обезбеди пристап до новите тестови на антитела откако ќе станат достапни. од суштинско значење е новите тестови да бидат сигурни и потребно е време да се изврши ригорозна проценка, истакна портпаролот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот