Научници пронајдоа апарат за откривање на коронавирус преку здивот на пациентот

Индонезиските истражувачи пронајдоа апарат за откривање на инфекција на коронавирус преку здивот на пациентот.

-Министерството за здравство на Индонезија на 24 декември му издаде дозвола за дистриубуција на уредот „GeNose C19″ што наскоро ќе почне масовно да се произведува, изјави денеска министерот за истражување и технологија Бамбанг Бродјонегоро.

„Ќе го произведуваме уредот за јавна употреба, за економските активности да можат непречено да се одвиваат, истовремено спречувајќи го пренесувањето на потенцијалниот вирус”, додаде Бамбанг на виртуелна прес-конференција, пренесе агенцијата Анадолија.

Истражувачки тим од универзитетот „Гаџа Мада” го развиваше „GeNose C19″ во последните девет месеци, додаде тој.

Бамбанг кажа дека овој уред ќе се користи само со цел брзо да се открие вирусот и дека коронавирусот и натаму  ќе се дијагностицира со ПЦР тестови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот