Научници од СЗО сметаат дека можеби никогаш нема да го дознаеме вистинското потекло на коронавирусот

Професорот по епидемиологија Дејвид Хејман рекол дека можеби никогаш нема да биде можно да се утврди вистинското потекло на коронавирусот.

Иако се очекува дека тимот на експерти на СЗО овој викенд ќе откријат од каде потекнува вирусот, професорот Хејман, кој ја води студијата, предупреди дека можеби нема да биде можно да се утврди вистинскиот извор на вирусот, шест месеци подоцна.

– Многу е веројатно дека нема да го имаме изворот од ретроспективни студии, рекол професорот.

Оваа изјава на професорот го следи тврдењето на професорот од Оксфорд кој вели дека коронавирусот можеби сепак не потекнува од Кина.

Тој тврди дека коронавирусот „спиел“ ширум светот, а дека условите едноставно го „разбудиле“.

Бројните истражувања во Шпанија, Италија и бразил докажале постоење на коронавирусот во отпадните води многу порано од извивањето на епидемиите во споменатите земји.

Од друга страна постојат тврдења дека вирусот не преминал од животните на луѓето, туку дека е направен во лабораторија, така што тврдењата на професорот дека нема да се дознае вистинскиот извор може да испаднат точни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот